(ВИДЕО) ВЕЧНИ (НЕ)ПРИЈАТЕЛИ – Том и Џери од Истанбул: Погледнете симпатичен клип од игра на мачка и глушец

Видеото, направено во Истанбул, неодоливо потсетува на цртаниот филм „Том и Џери“ и неговите главни ликови, а прикажува симпатична игра на мачка и глушец.
Иако мачките и глувците треба да бидат „природни непријатели“ или ривали како ликовите од култниот цртан филм, снимката направена во Турција покажува дека може и поинаку.
На видеото објавено на Инстаграм се гледа како мачка лови глушец, дури и го носи, но на крајот повторно го спушта на земја додека ја продолжуваат играта.
Со соодветен опис на „Том и Џери од реалниот живот“, симпатичното видео ја доловува „неуспешната“ потера на мачката по глушецот.

View this post on Instagram

A post shared by Devsa Mašić (@devsamasic)


Во коментарот на објавата се нагласува дека „нема повредени глувци“ за време на снимањето на видеото.
Авторката на видеото открила дека ги забележала симпатичните сцени додека го чекала бродот во Истанбул и дека не можела да одолее да не ги овековечи со својот мобилен телефон.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …