Кетрин Зета Џонс ги отфрли препознатливите темни прамени во корист на платинесто сината боб фризура поради нејзината нова улога во серијата „Национално богатство“, поради која актерката изгледаше како сосема друга личност.
Catherine Zeta-Jones, 52, looks unrecognisable as she's spotted with platinum blonde bobhttps://t.co/N7tiR7M6HK
— Daily Express (@Daily_Express) June 3, 2022
52-годишната актерка моментално ја снима новата ТВ серија „Национално богатство“ во Њу Орлеанс каде го претстави својот нов изглед. Сепак, нејзината нова фризура не е трајна бидејќи носеше само перика.
Catherine Zeta-Jones…not a good look… pic.twitter.com/gtwb3xOhQP
— helen henning (@helenckh) June 2, 2022
Кетрин ѝ се придружи на Лисет Алексис во новата ТВ серија на Дизни +, која ја проширува франшизата „Национално богатство“ на Николас Кејџ. Кејџ во хитот од 2004. година и неговите продолженија го игра Др. Бенџамин Френклин Гејтс.
Серијата ќе се фокусира на една млада жена која ќе бара одговори за своето семејство, а Кетрин ќе ја игра Били, милијардер и експерт за антиквитети на црниот пазар.
„Таа се трансформираше од сирак без пари во лукава, елегантна бизнисменка и авантуристка. Били е навикната да го добива она што го сака – и таа сака панамериканско богатство“, се вели во приказната.
Покрај Алексис, Зета-Џонс им се придружува и на колегите Линдон Смит, Зури Рид, Џејк Остин Вокер, Антонио Сипријан и Џордан Родригес.
Зета-Џонс освои Оскар за „Чикаго“ и награда Тони за нејзиното деби на Бродвеј како Дезире Армфелд во „Мала ноќна музика“ на Стивен Сондхајм.
Таа неодамна глумеше во филмот „Cocaine Godmother“, заснован на вистинската животна приказна на озлогласениот наркобос Гризелда Бланко.
Фото: Twitter