(ФОТО) Се огласи Дамијано Давид: Еве што рече Италијанецот по тестот за дрога!

ПЕЈАЧОТ и член на групата „Манескин“ се огласи откако организацијата на „Евросонг“ објави дека не користел дрога во последната вечер на ова натпреварување.
Да потсетиме, тој уште од самиот почеток негираше дека користел дрога во ова натпреварување.
– Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Ве сакаме – стои во соопштението на групата „Манескин“ објавено по завршувањето на „Евровизија“.
– Никогаш во животот не сум конзумирал кокаин и сигурно нема да започнам за време на директен пренос пред цела Европа – рекол Дамијано и продолжил:


– И пред камерата што е насочена кон моето лице?! Јас сум глупав? Но не толку – додал Дамијано.
Да потсетиме, во соопштението на „Евровизија“ се наведува дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ), на барање на италијанската делегација, извршила темелен преглед, вклучително и проверка на сите достапни снимки од Евровизија.
Тие истакнуваат дека самиот Дамијано побарал тест за дрога, што било направено и резултатите биле негативни.


– Во „Зелената соба“ не се користеше никаква дрога и веруваме дека случајот е затворен. Вознемирени сме затоа што шпекулациите што доведоа до лажни вести го засенија духот на настанот и неправедно влијаеја на бендот.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …