„Лица и дела“ со редок јубилеј – 10. години континуирано во етерот со неброени значајни гости

Утре, 28.05., „Лица и дела“ слават редок јубилеј – 10-годишнина од „Лица и дела“ на ТВ Сонце…
За наши простори тоа е мошне редок јубилеј со оглед на сите промени…


Токму поради тоа „Лица и дела“ треба да бидат горди што издржале 10. години во македонскиот етер.
Во текот на тие 10. години во „Лица и дела“ гостувале многу големи но и значајни во својот секто на работа, лица од Македонија.


Ова шоу бараше ексклузивци и имиња со багаж низ сите овие години, а авторите на емисијата малку се споменаат и сè уште остануваат бренд на целиот тим, оставајќи им ја „славата“ на гостите.



Емисијата на чело со авторот и продуцент Симе Младеновски кој е задолжен за избор на гости и за целиот тек на емисијата, потоа водителката и уредник, мајстор за македонистика и комуникации Мери Младеновска, камерманите Далибор, Срѓан, Деки, Боро, уредувањето на Владо, Ципуш Зорица, направи голем успех.


А, авторите велат дека така ќе продолжат и во иднина. За нив е типичен културниот и умерениот пристап кон работата.
Екипата би сакала да му се заблагодари на Џорџ Спасиќ кој има сенс за оваа активност и им дава слобода да создаваат и да бидат најдобри во она што го работат.

„Јубилејот е голем успех за нас и среќа и се надеваме дека ќе ја поздравиме и 20-годишнината. Испраќаме голема благодарност до гледачите на нашата емисија што не следат секоја сабота во 21 часот на ТВ Сонце.Би сакале да им се заблагодариме на нашите пријатели Екран, Fashionel и другите со кои имаме одлична соработка, велат од тимот на „Лица и дела“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …