Пејачката Сара Хардинг, поранешна членка на групата „Girls Aloud“, по долга пауза се вратила на социјалните мрежи, со шокантни вести – во моментов се соочува со рак на дојка, кој, како што рекла, се шири сè повеќе.
„Здраво на сите, се надевам дека сте добро и безбедно во овие неизвесни времиња. Веќе подолго време не објавував ништо и би сакала да им се заблагодарам на сите што ме повикаа да видам дали сум во ред, навистина ми значи многу. Мислам дека сега е вистинското време да откриеме што се случува. Нема лесен начин да ви го кажам ова“, започнала таа.
„На почетокот на оваа година, ми беше дијагностициран карцином на дојка, а пред неколку недели добив ужасна вест дека болеста започнала да се шири и на други делови од телото. Во моментов одам на хемотерапија и се борам колку што можам. Јас разбирам дека е шокантно да се прочита вакво нешто на социјалните мрежи, но минатата недела се појави веста дека сум видена во болницата, па мислам дека е време луѓето да дознаат што се случува “.
Потоа им се заблагодарила на семејството и пријателите кои се со неа, како и на лекарите и медицинскиот персонал.
„Давам се од себе да останам позитивна. Ќе ве известувам за тоа како се одвиваат работите. Во меѓувреме, се надевам дека ќе го почитувате моето барање за приватност во овие тешки времиња“, заклучила таа.
(ФОТО) Сара Хардинг во потресна објава: „Имам рак на дојка!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.