(ФОТО) Сара Џесика Паркер конечно се огласи за навредите од Ким Катрал

Сара Џесика Паркер првпат се огласи откако Ким Катрал одби да игра во третото продолжение на остварувањето на „Сексот и градот“.
Актерката во интервјуто за „People“ изјави дека Ким рекла некои работи што биле навистина болни за неа. Како што објаснила, нема намера ниту да одговори на изјавите на Ким, кои ги изговорила во интервјуто со Морган минатиот октомври.
„Никогаш не зборував за тоа, освен што изјавив дека некои од нас не се разочарани со тоа што Саманта нема да го снима третиот дел. Никогаш не одговорив на разговорот што го имаа Ким и Пирс Морган, каде што таа рече некои работи кои навистина се болни за мене. Имавме прекрасно искуство и никогаш ништо нема да биде како порано. Имавме конекција со публиката, имавме конекција со градот и со екипата и моравме една со друга да им раскажеме приказна на сите тие луѓе, така што не сакам таа тема да ја допирам повеќе. Не би можела да замислам некој друг да го игра тој дел (улогата на Саманта Џонс). Но, кавга немаше. Беше комплетно измислена затоа што, всушност, никогаш не ни одговорив. И нема затоа што таа мора да го каже она што го наумила и тоа е нејзина привилегија“, изјави Сара.
Да се потсетиме, Саманта во интервјуто во октомври изјави дека одбила да го снима третиот дел од филмот „Сексот и градот“.

„Мислам дека можеше да биде пофина. Не знам кој е нејзиниот проблем“, изјавила Ким, која во нивниот однос во текот на снимањето го нарекла токсичен.


Инаку, Сара интервјуто за „People“ го даде неколку часа пред Ким Катрал да упати јавна порака на нејзина сметка во која нагласи дека Сара не е ниту нејзино семејство ниту нејзина пријателка и се прашува кога веќе ќе ја остави на мир.
Во врска со тоа фановите во светот се разочарани затоа што се желни и се во исчекување за одговорот на Сара за тешко изговорените зборови на Ким.
Да се потсетиме, поводот за таквата реакција на Ким Катрал е пораката за поддршка што Сара и ја упатила на Ким кога брат и бил пронајден мртов откако неколку дена бил исчезнат.
„Не ми треба твојата љубов, ниту поддршка, во овој трагичен момент!“, беше пораката што ја објави Ким.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …