(ФОТО) Разводот не е завршен: Џоли и Пит се договориле за децата!

Поради прашањето за поделба на имотот разводот на глумците Бред Пит и Ангелина Џоли сеуште не е завршен. Тие од судијата барале одложување до јуни до кога би требало да се договорат…
Американските глумци Ангелина Џоли (43) и Бред Пит (54) конечно успеале да се договорат околу старателството над нивните шест деца и така да одбегнат непријатен судски процес, известиле американските медиуми во петокот.


Глумците во септември 2016. година објавиле дека се разведуваат, после две години брак и 11. години минати заедно. Во целото „навлекување“ по судовите најмногу страдале децата Мадокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шилоу (12) и близнаците Кнокс и Вивиен.


„Договорото за старателство на децата е заклучен пред две недели, и го потпишале и двете страни како и судијата“, рекла адвокатката на Ангелина Џоли, Саманта Блеј ДеЏин, во соопштението кое го пренеле повеќе веб портали специјализирани за живот на славните.
Адвокатката рекла дека спогодбата е темелна на препораките на стручњак за тоа прашање.


Џоли во почетокот барала целосно старателство над децата, додека Пит барал еднаква поделба на старателството. Договорот е доверлив и во интерес на децата, се нагласува во соопштението.
Тој договор ги поштедува од процесот кој требало да почне на 4. декември во Лос Ангелес.
Поради прашањето за поделба на имотот разводот на глумците сеуште не е завршен. Тие од судијата барале одложување до јуни до кога би требало да се договорат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …