(ФОТО) Мудро девојче – со писмо се пожалила зошто нема женски модели: Славниот кошаркар, Стивен Кари, и подарил брендирани, патики!

Девојче му напишала писмо на познатиот кошаркар прашувајќи го дали неговите патики се само за момчиња?
НБА ѕвездата Стивен Кери не е само одличен играч туку и неверојатен човек.
Деветгодишно девојче од Калифорнија му испратила писмо во кое открила дека посакала патики од колекцијата која тој ја потпишува, но пронашла само модели за момчиња и мажи.
„Моето име е Рајли, токму како и твојата ќерка. Имам девет години и твој голем фан сум“, започнало девојчето.
Таа посакала нови патики за новата кошаркарска сезона бидејќи и самата го тренирала овој спорт.


„Ја посетивме онлајн страницата и тој модел не го најдовме за девојчиња. Го имаа на распродажба, но само за момчиња. Знам дека ги поддржуваш женските спортистки бидејќи имаш две ќерки и домаќин си на камп за женска кошарка. Се надевам дека ова ќе се промени бидејќи и’ девојчињата сакаат да ги носат твоите патики“, објаснила Рајли.
Стивен Кари го примил нејзиното писмо и веднаш и одговорил.
„Го почитувам твојот проблем и минав два дена на изнаоѓање решение на овој проблем. Помалечките големини на страницата се означени како модели за момчиња и оваа грешка сега ја поправаме“, напишал Кари и продолѓжил:“Сакам гордо да ги носиш моите патики и поради тоа ти испраќам еден пар од новата колекција па ти ќе бидеш првото дете кое ќе ги има“.

Кари и најавил дека подготвува посебен настан за Меѓународниот ден на жените на 8. март и ја поканил Рајли да му се придружи, а со својот гест ги воодушевил следбениците на социјалните мрежи.
„Конечно пример на кој децата со гордост можат да се угледаат“, „Не сакам професионални спортисти, но ова е прекрасна работа“, „Стивен Кари после ова докажал дека е одличен тип и неверојатен спортист“, коментирале луѓето на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …