(ФОТО) ПСИХОЛОШКИ ТЕСТ: Кој симбол најмногу ви привлече внимание

Погледнете што ви треба за да напредувате
Дали сте се обидувале да сфатите што точно ви треба за да го покренете вашиот живот и да напредувате?

Дали нешто ве мачеше во претходниот период? Овој тест ќе открие како навистина стојат работите.
Кој симбол најмногу ви го привлече вниманието?


This image has an empty alt attribute; its file name is test-za-napredok-1.png

1. Лав
Ова ја симболизира вашата потреба да ја контролирате вашата судбина. Лавот е симбол на Сонцето – крајниот извор на моќ. Овој избор покажува дека сте направиле се за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробени и дека не можете да продолжите понатаму. Загрижени сте за прашањата што да правите следно, и како.
Мора да прифатите дека вашиот живот е токму таков каков што треба, а кога ќе се помирите со тоа, ќе се отворат други начини и можности. Сите ваши избори од минатото се направени со причина и мора да се помирите со тоа сознание.


2. Песочен часовник
Ако избравте песочен часовник, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Свртени сте кон минатото и некое болно искуство што ве држи таму. Се чувствувате како полека да се давите, немате енергија и сте резигнирани на фактот дека животот не е лесен и убав.
Ако воопшто можете, треба да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете посилни од порано и сите трагедии се всушност лекции за иднината. Живејте во сегашноста, бидејќи кога тоа ќе го научите, времето ќе ви стане пријател.

3. Месечина
Изборот на симболот на Месечината открива дека вашето срце е како бојно поле во моментов. Нешто силно длабоко во вас не ви дозволува да имате мирен сон или целосно ве мачи несоница. Дали е тоа омраза, гнев или само страст?
На вашиот дух му треба мир и најдобар начин да го направите тоа е искрено и отворено да ги изразите своите емоции. Признајте си себеси и на другата страна што чувствувате. Кога не се тајни, емоциите не нè трошат, а нивното криење секогаш носи повеќе штета отколку добро.


4. Клуч
Ако го избравте клучот, тоа значи дека вашиот дух има очајна потреба од одговори. Сè во што мислевте и верувавте одеднаш беше ставено на тест. Можно е да сте уморни од потрагата по вистината и точните одговори. Можеби дури и ви е здодевно од сето тоа.
Време е да ја запознаете другата страна на животот преку нови авантури. Наскоро ќе ви се случат одредени манифестации кои ќе ви помогнат да го пребродите тековниот период. Потребно е да се патува некаде, дури и на еден ден.

5. Рака
Изборот на овој древен симбол покажува дека сте опкружени со негативна енергија. Вашиот дух има тенденција да се ослободи од тоа и ако забележите дека ви се случуваат чудни работи, тоа значи дека нешто внатре се обидува да ве предупреди за ситуацијата.
Но, интересно е што отсекогаш сме биле заробени од злите сили, но и што секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа. Патот до ослободувањето подразбира простување и љубов, прво кон себе, а потоа и кон другите. Најдете време за релаксација и за луѓето што ги сакате.

Фото: Принтскрин/Reddit

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …