(ФОТО) Принцот Хари ја фотографирал Меган со рацете на трудничкото стомаче!

Иако на членовите на британското кралско семејство не им е дозволено да имаат профили на социјалните мрежи, принцот Хари и тоа како добро знае како да направи совршена Инстаграм фотка.
На профилот на Кенсингтонската палата е објавена фотографија на која Меган Маркл стои меѓу високи дрва во лежерна, спортска комбинација и се насмевнува а рацете и се нежно ставени на трудничкото стомаче.


Фотографијата е дело токму на принцот Хари, а споменот е на Нов Зеланд каде славниот пар престојувал во рамките на кралската турнеја.
Парот бременоста ја објавиле на 15. октомври преку службениот профил на Кенсингтонската палата на Твитер. Терминот на породувањето е на пролет 2019. година, а сеуште не се знае дали ќе добијат момче или девојче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …