Насловната страна на новиот број на магазинот Entertainment Weekly ја донесува првата официјална фотографија од последната сезона на серијата „Игри на престолите“.
На неа ги гледаме Денерис Таргаријан и Џон Сноу во прегратка, на снег.
Инаку, осмата и последна сезона на „Игри на престолите“ ќе биде емитувана наредната година на HBO и HBO GO-u, но сеуште не е потврден терминотза премиерата.
„Ова е исклучително емотивна, горко слатка последна сезона и мислам дека на вистински начин ја завршуваме приказната која ја започна Џорџ РР Мартин“, изјавил еден од продуцентите на серијата, Брајан Когман.
Главниот глумец Кит Харингтон, кој ја толкува улогата на Џон Сноу, открил дека на снимањето било исклучително напорно поради тоа што сите сакале сцените да бидат совршени.
„Сцената која пред пет години би ја снимиле за еден ден сега траеше пет дена. Сакаа се“ да биде совршено, да се снима од секој агол, за да има опции“, рекол тој во интервјуто.