Принцот Хари и Меган Маркл се појавиле заедно на првиот црвен тепих откако се пензионираа како членови на кралското семејство.
Очите во Њујорк синоќа беа вперени во парот за кој во последно време многу се зборува.
Меган му се придружила на Хари на церемонијата „Живеј за слобода“ во музејот Intrepid 2021 во Њујорк, каде што Хари ги доделил инаугуративните награди за бестрашна храброст на пет членови на војската, ветераните и воените семејства. Принцот служел во војска десет години, а за тоа време бил на два фронта во Авганистан.
Меган на церемонијата воодушевила во црвен долг фустан, потпишан од Каролин Херера. Фустанот има длабоко деколте и здолниште во „А“ линија од превртена кожа. Косата ја собрала во висока, залижана пунџа и на тој начин ги истакнала цртите на лицето и минималната шминка, по што е позната.
Таа додала дијамантска нараквица која некогаш и припаѓала на принцезата Дијана.
Настанот се случува ден пред „Денот на помирување“ во Велика Британија, познат како Ден на ветераните во САД.
Фото: Принтскрин/Instagram