Од почетокот на оваа година цел свет е шокиран од веста дека славниот актер Брус Вилис се повлекува од својата работа поради болест, афазија, која многу влијае на неговата способност за паметење.
Во текот на целата година од домот на познатиот актер доаѓаа тажни вести, а многумина беа особено потресени и изненадени од веста дека Вилис веќе подготвил тестамент. Сега, кон крајот на годината, сепак стасале некои добри вести.
View this post on Instagram
Брус Вилис и Деми Мур ќе станат баба и дедо! Нивната најстара ќерка Румер Вилис е во друга состојба, а радосната вест ја споделиле на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Емотивните, црно-бели фотографии собраа десетици илјади лајкови, но и безброј коментари со честитки на славната двојка.
Фото: Принтскрин/Instagram