(ФОТО) ПРЕКРАСЕН ПОТЕГ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ: На тригодишно момче му приредиле незаборавно роденденско изненадување!

Едно момче обожава да ги гледа пожарникарите од неговиот прозорец…
Тригодишно момче по име Оливер живее веднаш до пожарникарската служба во Јужен Јоркшир, а според неговата мајка, тој од прозорецот на неговата спална соба секој ден обожава да ги гледа пожарникарите како вежбаат.
Кога дознале дека тој ќе го прослави својот роденден дома, без пријатели, бидејќи Англија е „под клуч“ поради пандемијата на вирусот корона, овие момци решиле да му подготват незаборавно изненадување.


Тие напишале транспарент на кој пишувало „Среќен роденден, Оливер“ и го свртеле кон прозорецот за да го види момчето. Оливер бил толку воодушевен, како што вели неговата мајка, што секој ден од тој настан, тој зборувал само за изненадувањето, а неговата широка насмевка на фотографијата зборува повеќе од зборови.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …