(ФОТО) Познатиот актер со емотивна објава до својот починат син: „Мислам на тебе секој ден!“

Познатиот актер Џон Траволта на Инстаграм испратил емотивна објава на својот син Џет, кој ненадејно починал во 2009. година.
Џет беше најстарото дете на Траволта, кое го доби со неговата покојна сопруга Кели Престон, а вчера ќе го прославеше својот 30-ти роденден. Во таа прилика татко му не криел колку многу му недостига.
„Најдраг мој Џет, ми недостигаш повеќе отколку што можат да опишат зборовите. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака тато”, напишал актерот со заедничката фотографија со својот син како тинејџер, а под сликата се појавиле голем број колеги и пријатели на актерот, а меѓу другите, и сестрата на Џет, Ела Траволта.
„Те сакаме многу“, додала Ела.

Џет почина во јануари 2009. година за време на семеен одмор на Бахамите кога, откако претрпе напад, ја удрил главата од кадата. Неговиот роденден доаѓа нешто помалку од три месеци пред уште еден тежок датум за семејството Траволта, оној кога нивната сопруга и мајка Кели Престон ги остави на 57-годишна возраст. Актерката почина во 2020. година по тешка битка со ракот на дојката.


This image has an empty alt attribute; its file name is john-travolta-za-sinot.jpeg
Таа и Траволта беа во брак речиси три децении, а заедно имаа три деца, Ела, Бенџамин и Џет, кој почина на 16-годишна возраст. По смртта на неговата сопруга Траволта, рече дека Кели храбро се борела со болеста со поддршка од многу луѓе.
„Моето семејство и јас засекогаш ќе им бидеме благодарни на лекарите и медицинските сестри во сите медицински центри кои и помогнаа, како и на нејзините многубројни пријатели кои беа со неа. Љубовта и животот на Кели засекогаш ќе останат запаметени”, изјавил тогаш актерот.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …