(ФОТО) ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ – ОФИЦИЈАЛНО Е, ЕВРОВИЗИЈА 2022 ЌЕ СЕ ОДРЖИ ТУКА: Не станува збор за главниот град на Италија туку за град познат по доброто вино и авто индустријата

Евровизија 2022. година ќе се одржи во Торино, италијански град во регионот Пиемонт. Информацијата беше потврдена на официјалните канали на Евросонг.
Првото полуфинале ќе се одржи на 10. мај, второто на 12. мај, а големото финале на 14. мај 2022. година.

Иако сите мислеа дека ќе се одржи во главниот град на Италија, изборот беше преместен на северо-запад од земјата во градот Торино. Патем, Пиемонт во буквално превоид значи „подножјето на планината“.
Да потсетиме, Италија е домаќин на следната Евровизија, бидејќи нивниот претставник, групата „Манескин“ победи на натпреварот одржан во Ротердам оваа година со песната „Zitti e buoni“.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …