Латино дивата Џенифер Лопез неодамна била фотографирана на пат кон студиото, каде што требало да има интервју со Џими Кимел.
Пејачката и актерка била доста зафатена изминативе неколку недели, бидејќи работи на промоцијата на нејзиниот филм „Shotgun Wedding“, а составен дел од наведената промоција било и интервјуто со Кимел.
Пред да влезат во студио, фоторепортерите на странските таблоиди ја пронашле, а потоа и ја фотографирале латино дивата во многу елегантно издание. Таа носела едноставен бел капут со златни копчиња и розов фустан за ова специјално појавување во телевизиското шоу „Во живо со Џими Кимел“.
Сепак, еден детаљ во целиот нејзин аутфит го привлекол вниманието на јавноста, а станува збор за белите потпетици кои целосно го уништиле впечатокот за елегантен изглед.
View this post on Instagram
И’ кога мислевме дека не може да биде полошо од овој моден неуспех – се излажевме. Пред само неколку часа пејачката објави фотографија од розовиот фустан кој го облече за интервјуто, а коментарите на Твитер беа поделени.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
И’ додека некои ја пофалија за изборот на фустан, други ја критикуваа.
„Облечете повеќе облека“, е само еден пример.
Hi @jimmykimmel 🤍 @shotgunwedding @PrimeVideo pic.twitter.com/dxY1nEyHZP
— jlo (@JLo) January 19, 2023
Фото: Принтскрин/Instagram