(ВИДЕО) УНИКАТНИ СЦЕНИ – Невообичаена појава на небото над Бурса: Облак во форма на летечка чинија ги заинтригирал граѓаните

Утрово жителите на Бурса ги дочекало изненадување на небото – по изгрејсонце се појавил необичен облак со прилично бизарен облик кој наликува на летечка чинија.
Од утрово на социјалните мрежи се споделуваат снимки од небото над Бурса, Турција, каде се појавил розов облак со чудна форма. Кружниот облак се појавил на изгрејсонце и имал голема дупка во средината.
Овој тип на формација е познат како „лентикуларен облак“ – облак што се формира кога воздухот е стабилен и ветровите дуваат над ридовите и планините од иста или слична насока на различни висини низ тропосферата.


Сепак, корисниците брзо ја истакнаа нејзината сличност со други предмети, вклучувајќи летечки чинии, па дури и женски гениталии.
Облакот е фотографиран во раните утрински часови над воздушниот тренинг центар Гокмен (GUHEM) во Бурса.

Лентикуларните облаци се познати по својот заоблен изглед како чинија и обично се наоѓаат на надморска височина од околу 1.900 – 12.000 метри.
Поради својата необична форма која наликува на летечки чинии во научната фантастика, се верува дека лентикуларните облаци се едно од најчестите објаснувања за „појавите“ на НЛО ширум светот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …