Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, открила дека воопшто не и е цел да ја придобие љубовта на јавноста.
Познато е дека Меган Маркл е голема бунтовничка во кралското семејство, но сега и самата признала што мисли за силните кралски протоколи, правила и традиции на семејството во кое влегла.
Неодамна проговорила за стресот и притисокот со кој се справува како млада мајка и членка на најславното семејство на светот. Според нејзините зборови, никој не знае со какви страдања се справува и колку ранливо се чувствува, а поради целата ситуација се шушка дека Хари и Меган можеби ќе се преселат во САД, на општ ужас на остатокот на Бакингамската палата.
Сега пак војвотката, во истиот ревијален тон продолжила и открила дека таа воопшто не оди по тоа луѓето да ја сакаат и ценат, таа сака – да ја слушнат.Меган сака да ја доживуваат како обична жена, а не како сопруга на принцот Хари па се’ поодлучно одбива да ги следи кралските протоколи. Неодамна во една таква формална пригода го одбила наклонот на една жена туку цврсто ја прегрнала за да докаже дека е спонтана и опуштена.
„Една од работите кои ги сфатив откако сум во оваа позиција е дека луѓето имаат очекувања за тоа како јас треба да се однесувам. Затоа реков – ајде сите да бидеме опуштени и пристојни едни кон други. Сите имаат своја приказна и јас се чувствувам почестено што можам да ја слушнам вашата“, рекла Меган, пренесува People.
Со овој став Меган, според мислењето на многумина, уште еднаш им пркоси на востановените норми на однесување кои ги следи кралското семејство.
Можеби нејзината топлина и срдечност ќе и помогне кај јавноста, но членовите на семејството на својот сопруг таквите испати веројатно помалку ќе ги импресионираат. Да потсетиме, Кралицата наводно е многу загрижена за Меган и Хари и се плаши од тоа дека ќе се преселат во САД, што лошо би се одразило на стабилноста на монархијата.