(ФОТО) Популарниот музичар реши на 28. години да оди „на привремен неколку годишен одмор“: И’ се поради љубов!

„Девет милиони луѓе, 893. дена, 46. земји, 175 градови, 260 настапи, 268. луѓе во тимот, две скршени раце, три брака, четири деца…Оваа турнеја Divide беше дива“, рекол Ед.

Популарниот пејач, Ед Ширан (28), одлучил да се повлече „на привремен неколку годишен одмор“, откако во музичката индустрија заработи вистинско богатство.
Ширан оваа година се појави на 17-то место на листата на најбогати британски музичари, а на последниот настан на турнејата, рече дека се повлекува за да може повеќе време да помине со сопругата Чери Сиборн.


„Како што знаете, или не знаете, последните две години сум на турнеја и ова е последен ден од целата таа приказна. Има тука нешто горко-слатко. Сакам што вие луѓето (публиката) сте тука, но ова е мојот последен настап за следните минимум 18 месеци“, рече Ширан.


Тој напоменал дека во изминатите 2. години пеел пред 9 милиони луѓе. Задржувајќи ги солзите, Ширан на последниот концерт им се заблагодари на сите и им рече: „Се гледаме за неколку години“.


Ширан се венча во тајност во 2018. година, а Чери е неговата љубов од детството. Неодамна рече дека планира семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …