(ВИДЕО+ФОТО) Човек влегол во реактор во Чернобил: Таму го дочекала глетка како од ноќен кошмар!

Инстаграмерот Неил Ансел кој под прекарот Abandoned Explorer се бави со истражувањ ена нашуштени места својот најнов проект одлучилд а го сними во Чернобил.
При посетата на остатоците на нукелеарната електрана снимил бројни видеа и фотографии но пронашол и нешто многу вознемирувачко.

Меѓу другото, Нил влегол во една од водените кули што се користела за ладење на реакторот, но и во реакторот број пет, еден од реакторите што не биле користени.


Едно од најстрашните работи што ја нашол биле коски расфрлани на подот, вклучувајќи и маска за гас, што може да доведе до заклучок дека станува збор за човечки остатоци, но Нил тврди дека тоа се остатоци од животно.


„Не знам на кое животно би можеле да припаѓаат. Што и да е, има огромни коски. Ова е навистина чудно место за да пронајдете куп коски“, рекол тој.


Реакторот број пет беше само во фаза на изградба во моментот на експлозијата, беше 70 проценти комплетен, но беше напуштен по несреќата, а Нил исто така пронајде кран во распаѓањето.

Тој бил изненаден кога најшол дрвја што растат околу реакторот, но уште повеќе присуството на кучињата скитници. Инаку, животните што биле околу реакторот четири што експлодира морале да бидат убиени за да се спречи ширењето на зрачењето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …