Датумот на свадбата на латиновата дива и поранешна бејзбол ѕвезда се чини дека се приближува. Иако официјалниот термин сè уште не е познат за јавноста и идните младенци не сакаат да го откријат, станува се повеќе јасно дека овој настан ќе се случи наскоро.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез минатиот викенд, шест месеци откако поранешниот спортист „клекна“ на колена пред својата мила, конечно и официјално пролавиле.
Минатиот викенд, во домот на пејачката Кароле Баер Сагер во Лос Анџелес, се одржала приватна забава на која многу луѓе сакале да присуствуваат, но таа била наменета само за избран круг на луѓе.
Станува збор за забава на која Џенифер Лопез и Алекс Родригез и официјално ја прославиле својата свршувачка, а блиски пријатели, како Рајан Сеакрест и Леа Ремини, биле меѓу многуте гости, покрај децата од нивните поранешни бракови.
„Беше прекрасна вечер со многу свеќи, бели цвеќиња и виолетова светлина, и внатре и надвор од куќата. Беше совршен момент сите нивни пријатели и семејство со нив да ја прослават свршувачката“, открил извор што присуствувал на забавата.
Џенифер Лопез (50) и овој пат изгледала сензационално, носела бел фустан со само еден ракав и голем волан, додека косата и била пуштена со едната страна зад увото, што и давало романтичен изглед.
Алекс Родригез својата партнерка, со која еповеќе од три години, ја запросил во март на нивниот романтичен одмор на Бахамите.
Сите сè уште молчат за самата свадба, но Џенифер Лопез сепак истакнала во видеото на нејзиниот канал „Јутјуб“, каде рекла:
„Поминаа веќе три години и наскоро ќе се венчаме. Не утре, но следната година да. Јас би сакала голема свадба и овој пат сакам да се омажам за црква затоа што досега таму не сум се мажела“.