(ФОТО) САКА МОДА – АМАЛ КЛУНИ ВО ШОРЦ ги истакнала витите нозе!

Секогаш бесмислено дотерана адвокатката за човекови права Амал Клуни со сопругот, холивудскиот актер Џорџ Клуни, моментално престојува во Њујорк, а по романтичната вечера со супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг,Ранде Гербер, брачниот пар Клуни бил забележан како излегува од дома наутро…

По прославата на петтата годишнина од бракот со холивудската ѕвезда Џорџ Клуни и говорот во Обединетите нации, обраќајќи им се на високи функционери од 20. земји на тема судењето на припадниците на ИСИС во Ирак, славната адвокатка за човекови права Амал Клуни била забележана во населбата West Village во друштво на обично облечениот сопруг.

Позната по елегантните деловни изданија, оваа ЛБританка, родена во Либаија, е подеднакво брилијантна кога станува збор за нејзиниот секојдневен стил на облекување, а овој пат таа привлекла посебно внимание благодарение на минијатурното издание на „жешки панталони“.

Избирајќи високи црни чизми од мазна кожа со додавање на блок-потпетица и впечатлива златна тока, познатата Амал го ставила фокусот на нејзините тенки нозе, додека горниот дел бил составен од розов џемпер и предимензионална црна јакна со тричетврт ракави.

Со голема црна торба во стил на бохо, Амал го комплетирала најновото издание со очила за сонце со округли рамки, со ефектни розови обетки во форма на цвеќе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …