(ФОТО) Починал американскиот рапер кој беше нападнат на фестивал: Се огласил Снуп Дог

Американскиот рапер Дрејкео Ралер (28) починал како последица на раните кои ги добил кога бил избоден со нож на музичкиот фестивал во Лос Анџелес.
Раперот, чие вистинско име е Дарел Колдвел, требало да настапи во саботата навечер на музичкиот фестивал „Once Upon a Time во Лос Анџелес“. Тој наводно бил избоден со нож при расправија зад бината, која се случила во моментот кога требало да настапи, јавува Би-Би-Си.


Тој бил префрлен во локалната болница во критична состојба. Организаторите го откажале фестивалот на кој требаше да учествуваат Снуп Дог, Фифти Сент и Ајс Кјуб.

This image has an empty alt attribute; its file name is drejkeo.jpg
Полицијата во Лос Анџелес не го идентификувала напаѓачот, но „ЛА Тајмс“ наведува дека Дарел бил нападнат од група луѓе и дека е тешко повреден. Снуп Дог на социјалните мрежи изрази сочувство до семејството на Колдвел, велејќи дека тој бил во соблекувалната кога слушнал за инцидентот и веднаш го напуштил фестивалот.
„Ве молам внимавајте, сакајте се и останете безбедни. СЕ МОЛИМ ЗА МИР ВО СВЕТОТ НА ХИП ХОПОТ“, им рекол тој на своите придружници.
Дрејкео Ралер првпат ги издал „Mixtapes“ во 2015. година, а неговиот деби албум „The Truth Hurts“ бил објавен во февруари.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …