(ФОТО) Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, после 4. години раскинале: Причините не се откриваат но сите ја обвинуваат занесната Медисон!

Неименуван извор изјави дека Родригез во моментов е во Мајами и се подготвува за бејзбол сезоната, а Лопез снима филм во Доминиканската Република.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Пејачката од претходната врска со пејачот Марко Ентони има 13-годишни близнаци, и беше во кратка врска со актерот Бен Афлек.
Парот, познат во медиумите како Ј-Род, последен пат беше фотографиран и виден заедно кон крајот на февруари во романтична прегратка во Доминиканската Република.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Двојката која се вери минатата година, со дијамантски прстен вреден повеќе од милион долари, наводно не е заедно од минатата недела – пејачката е во Доминиканската Република каде снима филм, а нејзините слики не биле на Алекс Родригез Инстаграм некое време.


Една од причините за распадот на врската е наводната врска на Родригез со Медисон Ле Крој, sвездата на шоуто „Southern Star“, реално шоу кое ги следи богатите семејства во Чарлстон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …