(ВИДЕО+ФОТО) ДНК тестот ја довел до морбидно сознание: Ги барала биолошките родители а потоа ја дознала СУРОВАТА ВИСТИНА!

Отсекогаш знаела дека е посвоена, но немала идеја дека наоѓањето на биолошките родители ќе открие една ужасна вистина.
Кети Гиликрист, во 2017. година одлучила да направи домашен ДНК тест, со цел да ги најде своите роднини. Тоа и помогнало да дојде до братучетка Сузан Гилмор, која и помогнала да ги најде своите биолошки родители.
Прво ја пронашла биолошката мајка на Кети, која ја дала на посвојување во 1957. година. Сепак, биломногу тешко да се стигне до таткото. Неколку години подоцна, неговиот идентитет бил откриен, но она што ја остави 63-годишната Кети во шок е сознанието дека нејзиниот татко Вилијам Брадфорд Бишоп, е бегалец, кој од 2014 година е на списокот на најбараните криминалци на ФБИ. Тој се криеше од доцните 1970-ти, кога извршил ужасно злосторство.


ФБИ го барал поради убиството кое се случило во 1976. година во Мериленд кога се убиени 68-годишната мајка, 37-годишната сопруга и трите сина, кои имале 5., 10. и 14. години. Убиецот ги пренел нивните тела во Северна Каролина, ги ставил во плиток гроб и ги запалил. Во тоа време тој имал 37. години. Тој работел многу години како магистер по италијански јазик на Колеџот во Вермонт, но од 1976 година му се губи секаква трага.

Во 2014. година, остатоците на неидентификуван маж биле ексхумирани во Алабама, откако работник во погребална куќа видел фотографија од Бишоп на Си-Ен-Ен и помислил дека изгледа како неидентификуван маж погребан во 1981. година. ДНК-тестирањето покажало дека неидентификуваниот маж не бил Бишоп. Сепак, Кети верува дека нејзиниот биолошки татко е сè уште жив и е во бегство, и сега има 82. години.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …