(ФОТО) ПАРИТЕ НЕ СЕ СЕМОЌНИ – Џиџи Хадид се пофалила како го уредила станот:„Богатите немаат вкус!“

Манекенката Џиџи Хадид на социјалната мрежа Инстаграм се пофалила како го уредила ентериерот на својот нов дом, а на многумина не му се допаднал стилот што го избрала. Таа изјавила дека веќе една година ја уредува внатрешноста на луксузниот дом во Њујорк.
Поради необичните детали, во кои спаѓа и чинијата во која таа ставила топчињата за билијард, ѕeидот покриен со списанија, огромниот молив … нејзината куќа многумина ја нарекле грда.
„Секако, сè беше готово пред карантинот во градот“, рекла таа, додавајќи:
„Возбудена сум поради времето кое ќе го поминувам уживајќи во сите специјални делови од куќата, направени со помош на некои од моите омилени креативци кои ги прифатија моите идеи и не ме нарекуваа луда“.


Иако нејзините обожаватели го пофалија изгледот на новиот дом, корисниците на Твитер не се согласиле со нив.
„Станот на Џиџи Хадид е толку грд. Богатите немаат вкус“, е само еден од коментарите.
Патем, Џиџи и нејзиниот партнер, член на групата „One Direction“, Зејн Малик, го очекуваат своето прво дете. Таа се повлече во изолација на фармата на нејзината мајка во Пенсилванија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …