СЗО: „Корона вирусот може да се победи само вака!“

Пандемијата на коронавирус, за време на која се заразени повеќе од 16. милиони луѓе, е веројатно најлошата глобална здравствена криза со која се соочи Светската здравствена организација, оцени денес директорот на таа агенција на Обединетите нации, Тедрос Гебрејесус.
Тој на редовниот онлајн брифинг во Женева истакнал дека светот може да го победи вирусот само строго придржувајќи се на здравствените мерки, од носење маски до избегнување толпа.
„Онаму каде се почитуваат овие мерки, бројот на случаи се намалува а таму каде што тие не се почитуваат, бројот на случаи се зголемува“, рекол Тедрос Гебрејесус.


Тој ги издвоил Канада, Кина, Германија и Јужна Кореја како земји што добро ја контролираат ситуацијата откако коронавирусот повторно почна да се шири во различни делови на светот, дури и во оние каде што државите мислеа дека можат да ја контролираат инфекцијата.
Директорот на Програмата за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан, оценил дека потребата државите ширум светот да продолжат да одржуваат строги епидемиолошки ограничувања, како физичко растојание, е поважна од дефинирањето на вториот бран, нови врвови и локалните жаришта.
„Јасно е дека притисокот врз вирусот ги намалува бројките и дека олеснувањето на притисокот ги зголемува“, објаснил Рајан, признавајќи дека сепак е невозможно границите меѓу државите да останат затворени на неодредено време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …