(ФОТО) ОВА МОМЧЕ ЗАГИНАЛО ВО ГРЦИЈА! Младиот богаташ сакал да направи селфи пред хеликоптер, па останал „сомелен“

Турист загинал во Грција по страшна хеликоптерска несреќа!
Богат турист од Англија Џек Фентон (22) трагично загинал во Грција кога бил искасапен од пропелерите на хеликоптер. Несреќата се случила во понеделникот попладне, а младиот човек со својата сестра и уште двајца туристи пристигнал со приватен лет кој го платиле неговите родители, од Миконос до Атина. Туристите биле во хеликоптерот и почнале да излегуваат пред целосно да запрат пропелерите на хеликоптерот.
Младиот човек почнал да го заобиколува хеликоптерот од задната страна додека моторите уште работеле и налетал на пропелерите кои го здробиле за неколку секунди. Се верува дека тој се обидувал да направи селфи кога случајно го допрел пропелерот додека го држел телефонот.
Иако екипите на итната помош пристигнале брзо, младиот човек не можел да се спаси. Пилотот на хеликоптерот, наводно, бил приведен и обвинет за убиство од небрежност бидејќи ги пуштил патниците да го напуштат леталото пред да престане да работи моторот и да се вртат пропелерите. Ужасот се одвивал пред очите на сопствената сестра и уште двајца туристи, како и пред вработените на приватниот аеродром. Зад нив слетал уште еден хеликоптер, со нивните родители, а пилотот на првиот веднаш преку радио им јавил што се случило за да може вториот хеликоптер да продолжи да лета.

This image has an empty alt attribute; its file name is Dzek-Fenton-3.jpg
Медиумите јавуваат дека таткото на починатиот млад човек е Мигел Фентон, директор за продажба и маркетинг на The Hop Farm, имот од 400 хектари со бројни атракции за посетители во Белтриг, Кент.
Грчката полиција истражува зошто младиот човек излегол од хеликоптерот додека роторите се уште работеле. Пропелерите продолжуваат да се вртат околу две минути по исклучувањето на моторот, освен ако пилотот не притисне копче што ги запира за помалку од една минута.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …