(ФОТО) Ова е доказ дека бракот им е во криза:Една фотографија од Трамп и Меланија покрај елката „го запалила“ Твитер

Една фотографија предизвикала сомнение дека Доналд Трамп и Меланија не се во најдобри односи.
Меланија на Твитер објавила фотографија на која таа и Доналд седат покрај елка која е во соба која е накитена со злато, еден кон друг свртени со грб и на телефон. Тоа и’ не е баш фотографија која го осликува божиќното заедништво.


„Претседателот и јас се забавувавме помогнувајќи им на децата да го следат Дедо Мраз вечерва. На сите им посакувам убав Бадник“ напишала Меланија.
На Твитер многумина се запрашале поради што Меланија и Трамп еден на друг си свртеле грб.
„Ах, говор на телото.Толку многу љубов меѓу нив“, „Дали овој брак е во проблеми или што? Оваа фотка вреди повеќе од 1.000 зборови“,„Ова е најбесмислената соба која сум ја видел“, „Навистина изгледа како да се забавувате“ се само некои од коментарите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …