Кралскиот биограф открива нови детали за бурниот однос на принцезата Дијана и принцот Чарлс.
Принцезата Дијана и принцот Чарлс службено се развеле во 1996. година, а кралскиот биограф открил кој на некој начин е „заслужен“ за нивниот финален развод и која била фантастичната грешка поради која нивниот однос засекогаш завршил. Лицето кое ги „натерало“ и службено да се разведат била, ниту повеќе ниту помалку самата Кралица Елизабета II., после она познато интервју кое Дијана го дала за „Панорама“ една година порано.
Кралицата го загубила трпението
Иако Дијана и Чарлс биле разделени уште од крајот на 1992. година никогаш всушност не размислувале за службен развод на бракот, а дека во нивниот однос нешто „не штимало“ знаеле сите. Дијана во интервју таа 1995. година, кое тајно го снимила во Кенсингтонската палата со новинарот Мартин Башир, на јавноста и открила дека нејзиниот брак со принцот е доста пропаднат и дека се сомнева дека Чарлс има способности да стане нов крал.
Интервју и онаа „славна“ реченица
Таа славна реченица од тоа интервју ја памтат многумина кои го гледале. Дијана тогаш изјавила.„Во овој брак сме тројца, а тоа значи дека е мала навалица“. При тоа мислела на тогашното блиско пријателство, кое подоцна прераснало во романтична врска, помеѓу Чарлс и Камила Паркер Боулс.
Дијана, наводно, на кралскиот секретар му рекла дека ќе има интервју во палатата, но не му рекла за што ќе зборува. А кога интервјуто се појавило, наводно Кралицата „до крај го загубила трпението“ за Дијана, објаснува кралскито биограф.
„Тоа јавно критикување не е штетно само за монархијата туку и за самата млада принцеза“, додал тој. Наводно, Кралицата напишала службено писмо до совјот син и неговата сопруга, Дијана, и ги замолила да ја поштедат земјата од несигурност и службено да се разведат. Дијана после разводот, наводно, потпишала и договор со кој и се забранува јавно да зборува за бракот, пишува Express.