(ФОТО) Откриена „јавна тајна“: Кевин Спејси конечно ја открил својата сексуалност!

Еден од најдобрите актери во светот, Кевин Спејси, многу добро го криеше својот приватен живот. Иако молчешкум во Холивуд се знаело дека оскаровецот е геј, и никој не се трудел подетално да го проучува неговиот сексуален живот, но се’ се променило…
Неодамна актерот Ентони Рап го обвинил Кевин Спејси за сексуално злоставување кое се случило во 1986. година, кога Рап имал само 14 години. По тој повод се огласил и самиот Спејси, кој признал дека е геј.
Познато е дека Кевин Спејси фантастично го чувал својот приватен живот, и поради тоа сите биле шокирани од пораката која се појавила на неговиот профил на Твитер.
“Многу го почитувам и ценам Ентони Рап како актер. Бев ужаснат кога ја слушнав таа приказна. Искрено, навистина не се сеќавам на таа средба, која се случила пред повеќе од 30. години. Но, ако сум се однесувал како што вели тој, му должам најискрено извинување, веројатно сум бил во алкохолизирана состојба. Жал ми е поради чувствата со кои се носел сите овие години. Оваа приказна ме охрабри да се позанимавам со уште некои работи од својот живот. Знам дека за мене кружат разни приказни, кои дополнително се поттикнати од тоа што внимателно ја чувам својата приватност. Како што знаат моите најблиски, во животот бев во врски и’ со жени и со мажи. Сакав и бев во романтични врски со мажи, и сега одбрав да живеам како геј. Сакам да бидам искрен и отворен во врска со ова, а тоа почнува со проучување на моето однесување”, порачал Спејси.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …