(ВИДЕО+ФОТО) Дали наскоро ќе одат во пензија: Се чини дека ова се најнеуморните музичари!

Тие се најпознатите музичари од регионот кои некогаш „жареа и палеа“ во бившаЈугославија, а додека некои од тогашните звезди веќе подолго време се во добро заслужена пензија, на овие легендарни пејачи тоа не им паѓа на памет. Нивните денешни хитови се подеднакво одлични како и старите.

Здравко Чолиќ


Првиот службен настап го имал во 1969. година како пејач на „Амбасадори“ а во својата долга кариера објавил низа безвременски хитови кои секоја генерација ги знае.
Неодамна 66. годишниот Чолиќ открил дека најдрага песна од неговиот репертоар му е „Sinoć nisi bila tu“, но и дека работи на нов албум кој ќе му биде 16. по ред.


Лепа Брена


Кариерата ја започнала во 1981. година, а оттогаш снимила 17. албуми и станала пејачка со најголеми музички тиражи во историјата на балканската музика. 57. годишната музичка икона не планира ниту малку да успори – со секој нов спот како оној за песната „Carica“,уште еднаш го потврдува својот кралски статус.

Иако на сцената, во последно време и се случуваат пехови, па и паѓа,, крши раце таа не запира  влегла и во едно релно шоу во Белград

Оливер Драгојевиќ

Еден од најголемите музичари својот прв студиски албум го издал дамнешната 1975.година, а денес 69. годишниот пејач зад себа има 20. албуми и многубројни награди.
Албумот „Фамилија“ го издаде со уште една музичка легенда, Ѓибони, а неодамна иако се лекува од рак на плуќа имаше хуманитарен настап во Сплит.

Тереза Кесовија

После 58. години долгата кариера и 79. години живот, голем успех и вон
регионалните простори, особено во Франција, и повеќе плочи, албуми, синглови и хитови што не можат да се избројат, славната пејачка е подготвена за пензија. Минатото лето со синглот „Ostavi me tu“ го најавила својот последен албум. За воља на вистината, Тереза „ќе мора“ во пензија поради проблемите со слушањето.

Мишо Ковач

Легендарниот пејач може да се пофали со тоа дека неговите носачи на звукот се едни од најпродаваните на сите времиња на овие простори. Во текот на кариерата долга 50.години, издал 27. студиски албуми, а 2012. година е награден со Порин за животно дело.После шест години мирување, 76. годишниот Мишо Ковач се вратил во студио да сними нов албум.

Јосипа Лисац

Музичката уметничка чија кариера трае веќе половина век и опфаќа 20. албуми,
после шест години пауза, минатата година се вратила со синглот „Tu“ и најавила нов албум.
Легендарната дива позната по својот специфичен глас и уникатна и ексцентрична
сценска појава не планира наскоро во пензија. Има „само“ 66. години.

Ѓорѓе Балашевиќ

Богатата кариера долга 40. години ја одбележале балади и историски песни кои и денес денес се подеднакво популарни. Ако не и попопуларни. Со своите стихови овој познат музичар се пронашол во секоја генерација и заработил статус на еден од наголемите уметници од регионот. Иако веќе подолго време не објавил нов албум, пред три години фановите ги развеселил со неколку нови хитови. Но и новата тема „Уникатна“. Има 64. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски …