(ФОТО) Омилената турска актерка ги загрижила обожавателите – Премногу е слаба!

Познатата актерка ги загрижила фановите ширум светот поради својот изглед. Поточно поради прекумерното слабеење.

Актерката Мерием Узерли (38), на нашиот народ најпозната по улогата на убавата Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, неодамна го роди своето второ дете. По породувањето, славната убавица реши да ја доведе својата фигура до „совршенство“, а вишокот килограми ги изгуби со строги диети. Обожавателите биле многу загрижени за драстичната промена на нејзиниот изглед, бидејќи сметаат дека Мерием го довела во прашање нејзиното здравје. Како што се шпекулира меѓу круговите на нејзините обожаватели, причината за очигледното слабеење ја наоѓаат во тоа што убавата актерка некогаш имала тешки психички проблеми поради љубовниот живот. Нејзиниот поранешен вереник бил против раѓањето на нивното дете, па ја убедувал да абортира. И’ покрај неговите обиди, Мерием го родила своето прво дете – ќерката Лаура. По завршувањето на оваа љубовна приказна, убавицата најде друга љубов и роди уште една ќерка. Името на таткото на своето второ дете,Лили Кои, вешто го крие од очите на јавноста, а за него не се знае многу.



Неодамна Мерием Узерли се соочи со остри критики и опомени поради појавувањето на насловната страница на руското издание на магазинот „Хелоу“. Таа на својот официјален Инстаграм профил објави фотографии од снимањето, а многумина искоментирале едно – какво разочарување. „Какво разочарување. Ги поддржуваш“, „Престани да ги поддржуваш руските медиуми. Помогни и на Украина“, беа само дел од одговорите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …