(ВИДЕО) СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ – ЖЕНА ХИСТЕРИЧНО УДИРАЛА ШЛАКАНИЦИ НА ПАТНИЦИТЕ И ВИКАЛА НА СТЈУАРДЕСИТЕ: Невиден СКАНДАЛ, ВО АВИОНОТ! Морале принудно да слетаат!

Снимката од страшната кавга која се случила во авионот ги преплави социјалните мрежи
Авионот летал од Манчестер за Анталија, а пилотот принудно слетал во Виена за да излезе жена која не можела да се контролира за време на летот.
Имено, жената во еден момент станала страшно агресивна кон стјуардесите. Не можела да го поднесе плачот на едно бебе, па дури и’ удрила други патници, изјавил еден од сведоците на настанот.
„Се слушна бучава, а потоа жената дојде во предниот дел од авионот. Беше лута на кабинскиот екипаж и не можеше да се смири. Беше се погласна и поагресивна, се внесуваше во лицата на луѓето и викаше“, рекол сведокот, и додал дека жената направила проблеми уште пред да се качи.


„Некои велеа дека е таква поради плачењето на бебињата во авионот. Еден патник кажал нешто, а потоа му удрила шлаканица. Човекот станал од своето место и се обидел да ја смири пред да ја однесе на другиот крај од авионот. “ продолжи сведокот.
Тогаш екипажот донел одлука да изврши принудно слетување во Виена. Наводно, жената удрила друг патник додека излегувала од авионот. На крајот летот за Анталија доцнел час и 15 минути, а компанијата им се извинила на патниците.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …