Можеби се сеќавате на Регина Џорџ од тинејџерскиот филм „Опасни девојки“. Глумицата Рејчел МекАдамс, која го отелотворила нејзиниот лик во популарната комедија од 2004. година всушност на јавноста и е релативно позната бидејќи не ги користи социјалните мрежи на што денес е тешко да им се одолее.
Ако не сте следеле внимателно веројатно не знаете дека со 40. години првпат станала мајка, а шест месеци подоцна направила доста одважен чекор за кој сите зборуваат.
За списанието „Girls Girls Girls“, позирала во облека со потпис на Версаче и дијаманти но и две „пумпи“ за доење на гардите.
Оваа фотогарфија воопшто не била идеја на тимот кој работел со МекАдамс, но глумицата во еден момент почувствувала потреба да „се измолзи“ па тоа и го направила. Така настанала фотографијата која го прикажува холивудскиот гламур и реалноста на мајчинството.
„Фотографија на годината“, „Најдобра на сите времиња“, „Се надевам дека оваа фотка оди на насловна“, се дел од коментарите со објавувањето на делото на фотографката Клер Ротштајн.
„Доењето е најнормална работа на светот и не можам да сфатам зошто било кој би се плашел. Дури и не мислам дека е потребно да се објаснува. Сакав ова да се објави ако ја промени перцепцијата барем на едно лице за нешто така природно, нормално и неверојатно“, појаснила Ротштајн.
МекАдамс за списанието зборувала за кариерата, мајчинството, а целото интервју било проследено и со неколку нејзини фотогарфија.