(ФОТО) Србинка ја згрозила Швајцарија: Родила близнаци а потоа едното бебе го забила во ѕид а другото го стапила во корпа за валкани алишта!

„Едноставно таму го оставив. Не знам што ми се вртеше низ глава“, му рекла на судијата. Но, хоророт ниту тогаш не бил завршен. Триесет и еден час подоцна повторно легнала во када и го родила второто дете…
Во швајцарскиот град Луцерн во средата е објавена пресуда на 23. годишната Србинка обвинета за убиство на само што родените близнаци. Откакјо сама се породила, едно бебе убила така што со сета сила го удрила од ѕид, а второто го завиткала и оставила во корпата за валкани алишта.
За убиството на своите самошто родени деца, судот и одредил казна затвор од две години и 10. месеци. Од тоа, една година ќе мине во затвор после што ќе била пуштена на условна слобода во траење од 22. месеци, пренесуваат српските медиуми.
„Обвинетата е виновна за чедоморство и убиство на деца. Злосторот не бил планиран,но е секако тежок. Изречена и е максимална казна од 34. месеци. Ако мајка го убие своето дете после породување казната е до три години“, рекол судијата оибразложувајхќи ја пресудата.

Сама се прородила во када
Детали од злосторството ја шокирале јавноста. Кон крајот на декември 2015. година, девојката била во седми месец на бременост кога и почнале породилните болки. Легнала во када и сама се породила.
„Не знаев како оди породувањето. Кога почна ја наполнив кадата. Денес воопшто не ми е јасно како воопшто сум успеала. лежев во кадата и на интернет гледав како се прави тоа“, раскажала таа пред судот. Рекла и дека неколку месеци пред породувањето ја оставил дечкото, таткото на близнаците. Тој инсистирал таа да збортира но таа не сакала.
„Бебето плачеше и тоа не ми звучеше човечки. Се уплашив“, раскажала девојката. Откако го родила првото дете со него отишла во подрум. Новороденчето го скрила под облеката, а потоа со сета сила го удрила од ѕидот и го фрлила на под. Од силината на ударот бебето се здобило со неколку скршеници на черепот и тешки повреди на мозокот и веднаш починало. Мртвото новороденче го завиткала во маичка а потоа го скрила под големо мече.
„Едноставно таму го оставив. Не знам што ми се вртеше по главата“, му рекла на судијата.
Но, хоророт ниту тогаш не бил завршен. Триесет и еден час подоцна повторно легнала во када и го родила второто дете…


Бебето го фрлила во корпа за валкани алишта
Бебето починало бргу после раѓањето. обвинетата изјавила дека веќе мртвото дете го завиткала во пешкир и го оставила во корпата за валкани алишта.
Лекарите на суд сведочеле дека второто дете можеби би преживеало ако жената по породувањето отишла во болница.
Но, нејзиното злосторство не минало неказнето. По породувањето почнала обилно да крвари па родителите ја однеле во болница. Лекарите веднаш заклучиле дека младата жена само што родила и повикале полиција. Таа на полицијата и негирала се’ што лекарите заклучиле.
Дури откако здравствено се опоравила полицијата ја привела. Во текот на 63. дена во притвор признала што им направила на своите самошто родени бебиња.
„Обвинетата има две лица. Таа е наивна но и пресметлива.Неколку пати лажеше и ги прилагодуваше своите изјави“, изјавил обвинителот кој барал казна затвор од осум години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …