Дваесет години играл исти броеви и конечно станал милионер!

Откако 20. години на Лото ги играл истите броеви, на еден жител на Берлин, Германија, минатиот викенд конечно среќата му се насмевнала. Освоил 1,67 милиони евра, пренесуваат Агенциите.
Играчот, чие име не е откриено, шест исти броеви упорно ги повторувал во Лото “6 од 49“, кое се извлекува секоја сабота.
Неговите броеви конечно биле излечени минатиот викенд, објавила Лотаријата на Берлин.
Портпаролот на Лотаријата рекол дека играчот ги заокружувал истите броеви уште од јули 1998. година.
Добитното ливче го платил 6,75 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот маратонски пливач и трикратен светски првак во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев

Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година. Тој e македонски маратонски пливач, …