(ФОТО) Брановидна зграда: Најнеобичен но и најдобар станбен објект во светот!

Градбата која ја чинат пет кули инспирирани со водите на фјордот Велје и околните
ритчиња во Данска е една до најнетипичните градби на светот.

„Брановите“ кои доминираат со Велје можат да се видат од воз, од пат или од реката на
деветтиот по големина град во Данска кој се сместил на североистокот на полуостровот
Јутланд. Чудото на архитектурата инспирирано од фјордот Велје со текот на годините
станал еден од најпознатите симболи на градот, но и државата.


Преку ден белите бранови на зградата се огледуваат во водата, а кога ќе се стемни,
градбата поприма изглед на планина осветлена со разни бои. Зградата има 140. атрактивни
апартмани со поглед на фјордот,а проектот го потпишува компанијата „Хенинг Ларсен
Архитект’.
Пред девет години Здружението на европските архитекти им ја врачило наградата „Leaf“ за најдобар станбен објект. Многу стручни списанија оваа гардба ја споредуваат со познатата зграда на Операта во Сиднеј.


Првите две кули, од кои секој има по 20. станови, се завршени во 2008. година, додека трите преостанати се обновени во 2015. година и дури сега се завршуваат.
Велје е омилен меѓу туристите поради зелените површини, но и бројни специјализирани продавници и места за купување. Прогласен е за најдобаро и најпријатен дански град за шопинг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …