(ВИДЕО) Мечка чувала дете кое било изгубено во шума

Кејси Хатавеј од американската држава Северна Каролина после непријатната авантура во шумата на шерифот му раскажал кој му помогнал.
Спасителите Кејси Хатавеј го нашле впеткан во грмушки со трње, во округот Кравен, во
американската држава Северна Каролина, близу местото каде исчезнал од куќата на својата
баба, пишува Гардијан.
Тој исчезнал во вторникот, додека темепратурата била многу ниска, а потрагата по него
била откажана поради јак дожд и силни ветришта. Полицијата го пронашла Кејси откако еден
човек слушнал како некое дете плаче и ја довикува мајка си.
Шерифот на округот Кравен, Чип Хју, за локалната телвизиска станица VCTI изјавил:
„Не ми објасни во многу зборови како бил во состојба сето ова да го преживее, како
успеал. Ми рече дека во шумата има пријател која е мечка и која сето време била со него“.
Зборовите на детето ги повторила и неговата тетка Бриана Хатавеј која на Фејсбук
напишала.„Кејси е здрав, се смее и зборува. Рече дека два дена се дружел со мечка. Бог
му испратил пријател да го чува. Бог е добар Бог. Чудата се случуваат!“.


Северна Каролина изобилува со црни мечки кои обично не се агресивни кон луѓето, иако е
нејасно дали онаа која се спријателила со Кејси била стварна или производ на неговата
фантазија.
На страницата за собирање средства, која семејството ја направило откако добротворите
прашале како да донираат пари, исто така се спомнува тврдењето на детето.
„Овој малечок со денови бил изгубен во шума, по ледени температури, дожд, темни ноќи и
ветер“, напишала бабата на страницата.
„Ни рече дека неговиот најдобар пријател, мечката, била со него за да му помогне да биде
на сигурно“, додала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …