(ФОТО) ОДБИЛ ДА СЕ ВАКЦИНИРА ПА ПОЧИНАЛ ОД КОВИД: Бодибилдер „во полна снага“ починал од свирепиот вирус

Експертот за градежништво и бодибилдер Џон Ајерс (42) од градот Саутпорт во близина на Ливерпул, починал од „Ковид-19“ по хоспитализација и обидите на лекарите да го спасат „со сите можни лекови“, рекла неговата сестра близначка Џени МекКен.
Меккен, која живее во северозападен Лондон, ја сподели приказната за својот брат на социјалните мрежи, апелирајќи до сите да се вакцинираат, објавија британските медиуми.


– Мојот брат почина од ковид-19 минатата недела. Тој почина точно четири недели откако беше позитивен на тестот. Тој беше најподготвената, најздравата личност што ја познавам. Тој се искачи на велшките планини и кампуваше во дивината четири недели пред неговата смрт – изјавила таа.

 


Таа ја опишала неговата состојба пред Ковид како „верба во неговата бесмртност“.


– Мислеше дека ако се зарази со корона вирусот, ќе биде добро. Мислеше дека ќе помине со поблага форма, не сакаше да ја прими вакцината. Потоа, секој можен лек во болницата бил внесен во неговото тело. Но, со текот на времето, ковидот, инфекците и откажувањето на органите му го одземаа животот – додала таа.

Се сетила на моментот пред да го стават на апарат за дишење.


– Тогаш му рекол на својот советник дека било подобро да се вакцинира и дека му е жал што не слушал. Неговата смрт е трагедија. Тоа не требаше да се случи – рекла таа.

Починатиот бодибилдер имал ќерка (19).

– Моите деца останаа без својот вујко, кој секогаш си играше со нив. Мајката го загуби своето дете. Мојата внука, нејзиниот многу сакан татко, повеќе го нема. Мајка ми сака да се знае за Џон. Неговата приказна може да спаси нечиј живот. „Нашата болка и загуба може да ги натера луѓето да примат вакцина“, рекла таа.

Фото:Facebook/John Eyers

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …