ИН МЕМОРИАМ: Почина Мирослав Лазански – српски амбасадор, новинар и воен аналитичар

„Ќе го паметиме како голем родољуб, извонреден писател, новинар, еминентен военополитички коментатор,кој ја сакаше својата земја и со гордост ја претставуваше ширум светот“ стои во објавата на српското МНР
Ненадејно во својот дом во Белград во 71-та година од животот, како резултат на срцев удар, денеска почина долгогодишниот новинар на весникот „Политика“ и воен аналитичар Мирослав Лазански кој од 2019 година ја обавуваше должноста на амбасадор на Србија во Русија.


Министерството за надворешни работи на србија соопшти: „Ќе го паметиме како голем родољуб, извонреден писател, новинар, еминентен военополитички коментатор,кој ја сакаше својата земја и со гордост ја претставуваше ширум светот“ стои во објавата на српското МНР.
Лазански својата новинарска кариера ја почнува во Загреб, со написи во хрватските весници „Полет“, „ Вјесник“, „Данас“ и „Старт“ а од почетокот на деведесетите години се вработува во весникот „Политика“, па во „Вечерње новости“ и повторно се враќа во „Политика“. Известувал од неколку воени судири, и автор е на осум книги и на неколку ТВ-проекти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …