(ФОТО) ОД АНТАРКТИКОТ СЕ ОДВОИЛА ЛЕДЕНА ПЛОЧА ОД 315. МИЛИЈАРДИ ТОНИ: Еве зошто тоа сепак не е СТРАШНА ВЕСТ!

Санта лед со површина од 1,6 квадратни километри, тешка 315. милијарди тони, се одвоила од големата ледена плоча Амери на Антарктикот.
Сепак, настанот се чини дека не е поврзан со климатските промени.

Од раните 1960-ти години, од Амери не се одвоила поголема санта лед. Онаа која се одвоила во тоа време била со површина од 9.000 квадратни километри.
Амери е трета по големина ледена плоча на Антарктикот и клучен одводен канал за источниот дел на континентот.

Експертите ќе треба внимателно да го следат движењето на толку големо парче мраз, бидејќи може да стане опасно за пловидбата.
Плочите се всушност плутачко продолжение на бројните ледени плочи кои од копното се спуштаат во морето.
Одвојувањето на сантата е природен процес со кој ледените плочи одржуваат рамнотежа затоа што го балансираат наносот на новиот снег.
Затоа научниците однапред знаеле дека ќе се случи одвојување, но областа во која се случило ова не била во нивниот фокус.


Екран.мк
Фото: Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …