(ФОТО) ПОЛИЦИСКИ ДРОН СНИМИЛ НЕШТО НЕОБИЧНО СРЕДЕ ШУМА, но изненадувањето следело: Успеале да решат случај стар 17. години!

Кинеската полиција уапсила маж кој бил во бегство 17. години,така што со користење на нивните беспилотни летала го откриле неговото место каде што се криел.
63-годишникот, идентификуван како Сонг Ѓианг, бил затворен за трговија со жени и деца, но избегал во 2002. година.


Со години живеел во малечка пештера далеку од сите. Полицијата во Јонгшан добила извештаи за локацијата на Сонг на почетокот на септември. Овие трагови ги одвеле до планините зад неговиот роден град во југозападната кинеска провинција Јунан.


Откако рутинските пребарувања не успеале, властите испратиле дополнителни беспилотни летала за да им помогнат на полицајците. Беспилотните летала на крајот забележале сина метална плочка на стрмната карпа, како и траги од ѓубре во близина.
Потоа полицијата одела пеш и го пронашла Сонг во мала пештера.Толку долго живеел сам, што му било тешко да комуницира со службениците.

Екран.мкs/BBC
Фото: Полиција на Јонгшан


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …