(ФОТО) Нови проблеми за Меган Маркл поради преселбата во Канада!

Меган Маркл ќе мора да се откаже од барањето британско државјанство бидејќи не може да се обврзе на тоа дека вон земјата ќе мине само 90. дена.

Според британските медиуми, војвотката од Сасекс го започнала својот петгодишен процес на стекнување државјанство, по нејзината венчавка во мај 2018. година. Извор од британската влада тврди дека потегот на нејзина и на Хари преселба во Канада ќе го запре процесот бидејќи не може да докаже „силна посветеност на Велика Британија и намера тоа да е местото каде живее“.


Меган и Хари најавиле дека своето време ќе го делат помеѓу Велика Британија и Северна Америка, но не откриваат до кој степен. Секое отсуство од Велика Британија ќе биде забележано. После пет години, на Меган би и било дозволено да остане на неодредено време во Велика Британија и со тоа да влезе во последната фаза на стекнување на државјанство. Во првите три години од апликацијата, ќе треба да помине 270 дена годишно во Велика Британија. Меѓутоа, во некои случаи, надлежните служби може да покажат разбирање за отсуството, но треба да бидат дадени доволно причини да го сторат тоа.



„Американски државјанин мора да живее во Велика Британија со британски партнер кога се поднесува барањето. Тие мораат да имаат намера трајно да живеат заедно во Велика Британија. Доколку во кој било период во првите две и пол години не живеат во Велика Британија, мораат да имаат добра причина за тоа. Оваа причина мора да биде во согласност со нивната намера трајно да живеат во Британија“, рекол адвокатот Мајкл Марциано.


Хари ја напуштил Велика Британија во понеделникот за повторно да се сретне со Меган и синот Арчи во Ванкувер. Нивниот нов живот надвор од кралското семејство официјално започнува напролет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …