(ФОТО) Нова холивудска љубов:Дали Ангелина Џоли тајно излегува со Колин Фарел?

Новиот напис во светските медиуми сугерира дека Ангелина Џоли и Колин Фарел тајно излегуваат и дека нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, е вознемирен.
Новиот напис сугерира дека актерката Ангелина Џоли тајно му се јавува на Колин Фарел и тоа цели два месеци. Џоли била забележана со четири од нејзините шест деца на светската премиера на филмот на Дизни, „Дамбо“, во кој глуми Фаррел.



„Радар Онлајн“ цитира еден инсајдер кој вели дека Фарел е во врска со Кели МекНамара, изминативе неколку години, но Џоли “обично добива се што сака и нема да негира дека меѓу нив има голема хемија”.


Исто така така се споменува дека актерите имале кратка романса додека го снимале историскиот еп, во 2004. година, „Александар“.
“Тие минаа многу долг и индивидуален пат од нивната врска за време на снимањето на филмот“, продолжува изворот, додавајќи дека Џоли е “решена да ја истражи нивната поврзаност сега”.

Џоли и нејзините деца – Захара (14), Шило (12) и 10.годишните близнаци Вивиен и Нокс – биле забележани на неодамнешната премиера на филмот на „Дизни“ – „Дамбо“, каде Колин фарел е главна ѕвезда.

Написот во списанието „ОК“ пак сугерира дека поранешниот сопруг на Џоли, Бред Пит, е вознемирен од овие гласини дека неговиот пријател Колин фарел излегува со неговата поранешна сопруга.


„Тој не сака околу шесте деца сега да има други мажи“,заклучил изворот додавајќи:”Неговите деца минуваат лошо време од разводот и Пит смета дека на сите им треба малку време за да заздрават “.

Пит и Џоли на крајот од 2016. година одеднаш се разделија и оттогаш беа вмешани во суров судски спор за децата. Тие беа забележани заедно за прв пат неодамна, наводно, на состанокот за старателството на нивните деца.

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …