Серена Вилијамс е долгогодишна пријателка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, па така и не чуди што медиумите упорно ја испитуваат во врска со полот на кралското бебе. Се чини, конечно успеале да ја натераат да проговори.
Во интервјуто за „E! News“, славната тенисерка, Серена Вилијамс, ја прашале дали Меган Маркл ќе биде добра мајка, а патем од неа извлекле уште „посочни“ информации.
„Таа ќе биде најдобра мајка, сигурна сум во тоа“, рекла тенисерката и на сите новопечени мајки им дала совет:
„Прифатете ги своите грешки и не очекувајте да бидете совршени. На себе ставаме толкав притисок без потреба“, истакнала Серена, мајка на едногодишното девојче, Олимпија.
Во моментот кога Серена спомнала:„Мојата пријателка е бремена’, се чинело дека навестува дека Меган ќе роди девојче. Како што објаснила во интервјуто, Меган и рекла.„Моето дете ќе го направи тоа“, а потоа ја погледнала и додала.„Не, таа нема“.
Меган возвратила со „Мораш да ми дадеш некој совет“ бидејќи да, и јас имам големи очекувања од мене како мајка.
Серена во интервјуто јасно говорела за бебето на својата пријателка Меган во женски род и секако, фановите на кралското сееејство веднаш се вознемириле, иако со недели се зборува дека ќе роди машко, судејќи според интервјуто на Серена, Меган
ќе роди девојќе?
Да потсетиме, после забавата за дарување на бебето на Меган во Њујорк, се пишувало дека повеќето подароци пристигнале во украсна хартија и машни, што имплицира дека ќе роди машко. Но,се чини дека неизвесноста ќе тарае до последен момент…односно до неделата после 21. април кога се очекува раѓањето на кралското бебе.
Избор: harpersbazaar.com
Подготви:Г.О.