(ФОТО) Ниту трага од Гладијатор: Миленикот на жените повторно шокирал со непрепознатливиот изглед!

Популарнот холивудски заводник, Расел Кроу,неодамна шокирал со неверојатната трансформација и скоро непрепознатлив изглед, а сега, додека се излежувал покрај базен, ја покажал новата фигура.
Иако глумецот Расел Кроу сме навикнати да го гледаме во активни и спортски изданија, кога со своите вајани мускули ги заведуваше жените ширум светот, се чини дека тоа време отишло во заборав.

Сега, со отприлика 30. килограми отповеќе, од атлетската верзија на холивудската ѕвезда не останало скоро ништо. Тоа се гледа и по последните папарацо фотографии,а снимен е покрај приватен базен во друштво на млада асистентка.
Легендарниот гладијатор своето утро го започнал со кафе а при тоа носел широка маичка без ракави и куси гаќи за капење. Во вакво издание неговиот доста голем стомак уште повеќе доаѓал до израз.


Неодамна фотографиите на непрепознатливата ѕвезда го обиколиле светот кога во пауза од снимање на новиот филм се прошетал по улиците на Атланта.
Поради надоаѓачкиот филм „Boy Erased“ 53. годишниот глумец, по потекло од Нов Зеланд, ставил многу килограми и покажал колку е професионален и колку далеку е подготвен да оди поради улога.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МКЦ ќе се одржи 14-то издание на ЗДРАВО МЛАДИ

Денес, ќе се реализира 14-то издание на фестивалот на нова музика “ЗДРАВО МЛАДИ” во организација …