(ВИДЕО) Со петарди имитирал бомбаш – самоубиец: Погледнете што се случуваше пред судот во Скопје за време на процесот за Диво насеље?

За време на изрекувањето на пресудите за осомничените во процесот за Диво насеље пред судот се случил инцидент…
Денеска околу 13:30 часот беше уапсено лице кое се нафрлило врз полицајците од обезбедувањето, а подоцна било забележано дека тој носел нешто што наликувало на појас со експлозив.
Станува збор за 57.годишен жител на Арачиново. Полицајците бргу го совладале со што утврдиле дека појасот кој го носел бил направен како експлозивен, но во него немало прачки експлозив туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата.
57.годишниот маж најпрвин се шетал околу Врховниот суд, дофрлајќи им на снимателите од новинарските екипи да си заминат. Тој цело време ја држел десната рака во џеб и така се втурнал кон полицајците. Еден од полицајците успеал да му ја извади раката од џеб и да забележи дека тој држи мобилен телефон, по што веднаш му го одзел и го фрлил во најблиската жардињера. Лицето било успешно совладано и однесено во полициско комбе.
По инцидентот е утврден идентитетот на лажниот бомбаш. На лице место присуствувале и високи полициски функционери.
Погледнете го видеото на Makfax:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …