Кели Ендру го забележала чудното однесување на нејзиното куче, не сонувајќи што сакал да и каже…
Кучето упорно се обидувало да влезе во собата во која се наоѓа нејзината ќерка. Кели на почетокот се обидела да го спречи во тоа, но потоа се посомневала дека нешто не е во ред со бебето.
Кога влегла во собата видела дека бебето тешко дише и сфатила дека кучето се обидело да ја предупреди. Таа заедно со сопругот Џеф итно го однела бебето на лекар, каде и ја пружиле потребната помош и и’ го спасиле животот.
„Синоќа нашето куче беше упорно да влезе во собата на бебето. Таа беше болна, а јас бев уморна и ми беше доста. А потоа забележав дека бебето престана да дише. Ноќта ја поминавме во болница. Не можам ни да замислам што ќе се случеше доколку Хенри не реагираше навреме“, напиша Кели на својот Твитер профил.
Last night the dog kept breaking into the nursery and waking the baby. She’s been sick, and I was getting so fed up with him.
Until she stopped breathing.
We spent the night in the hospital. I don’t know what would have happened if he hadn’t woken her. We don’t deserve dogs. pic.twitter.com/PBJCJVflgh
— kelly andrew 💀🌸 (@KayAyDrew) December 14, 2021
Едно од објаснувањата за тоа како Хенри можел да го предвиди проблемот е сетилото за мирис на кучето. Делот од нивниот мозок кој ги анализира мирисите е 40. пати поголем од човечкиот. Така тие можат да почувствуваат одредени болести и да забележат неправилно дишење, како и промени во хормоните и отчукувањата на срцето. Кучињата исто така можат да намирисаат на органски соединенија кои ги ослободуваат заболени клетки.
И така кучето го спасило животот на едно бебе.
Фото: Принтскрин/Twitter